Приведено едно лице за саботното убиство во Кичево – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 1:42 PM

Приведено едно лице за саботното убиство во Кичево

Четириесет и седумгодишниот Х.Ј. од гостиварското село Ќафа заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој е осомничен дека во саботата на 29, декември во попладневните часови во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил шеесет и четиригодишниот  М.С. – сопственик на објектот.

Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.