Општина Сопиште, која е една од задолжените македонски општини со долг 42,3 милини денари (до 30.06.2018),му должи на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Долгот Општината го направила во 2013 година, кога тогаш адвокатот Шилегов ја застапувал, поажа истражувањето на здружението Медиа плус. Последните години, Општината главно ги препишувала долговите кон одредени доверители, меѓу нив и кон Петре Шилегов. Како адвокат од Општината Сопиште сегашиот скопски градоначалник се’ уште чека да наплати 102.534 денари. Кога сме кај градоначалниците и градоначалникот на Општината Пехчево со години чека да си го наплати долгот од општината која ја раководи. Куриозитет е дека градоначалникот и самиот е доверител на општината со која раководи.
Неговото извршно решение од над 100.000 денари чека реализација веќе неколку години, откако како советник не го добил законскиот надоместок.
Општината останува блокирана, а градоначалникот Тренчовски веле дека не е етички тој како градоначалник да си го наплаќа долгот.
Прочитајте повеќе на: Медиа Плус


