Сообраќајна незгода во Скопје: Удрил во пешак и избегал – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 10:51 AM

Сообраќајна незгода во Скопје: Удрил во пешак и избегал

Четириесетгодишен скопјанец е тешко повреден откако ноќеска на булеварот „Јане Сандански” бил удрен од патничко моторно возило „Мерцедес”.

Возачот на „Мерцедесот” побегнал од местото на незгодата, а  повредениот маж со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Случајот во полиција бил пријавен утрово околу два часот по полноќ. МВР соопшти дека увид е веќе извршен и се работи на расчистување на случајот.