Четириесетгодишен скопјанец е тешко повреден откако ноќеска на булеварот „Јане Сандански” бил удрен од патничко моторно возило „Мерцедес”.
Возачот на „Мерцедесот” побегнал од местото на незгодата, а повредениот маж со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Случајот во полиција бил пријавен утрово околу два часот по полноќ. МВР соопшти дека увид е веќе извршен и се работи на расчистување на случајот.


