Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кого порталот “Центар.мк” го прогласи за “Градоначалник на годината”, на новогодишната прослава на плоштадот “Македонија” го пречека сосема поинаква атмосвера. Неговиот обид да им се обрати на присутните на една минута пред полноќ бил дочекан со жетоки свирежи и “сочни” извици кои не се во склад со горенаведеното признание, објави “Експрес.мк”
Можеби тоа се должи на фактот што Шилегов се обидел да се обрати во момент кога атмосверата требаше да биде најеуфорична – на една минута пред полноќ, а можеби има врска и со фактот што Шилегов е актуелен градоначалник на најзагадениот главен град во Европа. Во секој случај, свирежите го пречекале и при второто обраќање по полноќ, во кое Шилегов им ја честиташе Новата година на присутните.


