Фергусон присуствуваше на тренингот на Манчестер Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 10:11 AM

Фергусон присуствуваше на тренингот на Манчестер Јунајтед

После трите победи по ред на последните три натпревари откако за тренер беше назначен Солскјер, фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва ќе ги одмерат силите против Њукасл во рамките на 21 коло од Премиер лигата.

Атмосферата во клубот од „Олд Трафорд“ е на високо ниво откако на Жозе Мурињо му беше врачен отказ, а во прилог на тоа одат и резултатите на Јунајтед под водство на новиот тренер, Оле Гунар Солскјер.

Солскјер до крајот на сезоната ќе добие огромна помош од еден од најдобрите тренери на сите времиња, легендата на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон кој ќе му биде советник на Норвежанецот. Фергусон веќе се појави на тренинг на Јунајтед, а Солскјер изјави дека тоа е голема чест за него.

„Среќен сум што беше на тренингот и уживавме. Верувам дека и тој уживаше додека траеше тренингот, се гледаше дека тоа е тоа што му треба. Тој ги охрабри играчите и сите нас и се надевам дека ќе доаѓа што е можно почесто“, изјави Солскјер.