Новата година почна со нов удар по џебот на граѓаните – вака обвини денеска опозицијата, која смета дека премиерот, Заев наметнува нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард.
Годинава ќе плаќаат повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси – обвинува ВМРО ДПМНЕ, од каде реагираат дека СДСМ удира и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа.
Според опозицијата, Заев ја третира буџетската сметка како своја лична банкарска сметка.
Парите од зголемените даноци, парите на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните прептријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, повисоки за 8 илјади денари, пари со кои голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец – велат од ВМРО ДПМНЕ во денешното соопштение.


