Изгоре автомобил во Карпош – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 10:02 AM

Изгоре автомобил во Карпош

Автомобил гореше синоќа во населбата Карпош 2.

Според информациите од Противпожарната бригада, возилото се запалило после 23 часот на ул. „Никола Тесла“ бб.

Пожарот бил гаснет околу еден час од страна на тројца пожарникари.

Во пожарот нема повредени, а штетата допрва ќе се утврдува.