Коловозите суви, утринска магла во котлините – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 8:29 AM

Коловозите суви, утринска магла во котлините

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. На осојните места коловозите се наместа влажни поради што е можна појава на голомразица.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.