Пукајќи петарди во тенџере, дете заврши во штипската болница – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/19 3:06 PM

Пукајќи петарди во тенџере, дете заврши во штипската болница

Дванаесетгодишно момче од Штип синоќа е повредено по пукање петарди. Момчето и неговите другари во текот на новогодишната ноќ ставиле неколку петарди во тенџере, но по пукањето на петардите тенџерето летнало и удрило директно во главата на момчето по што завршило на Одделението за хирургија во клиничка болница – Штип.

Момчето е во добра здравствена состојба. Екипата на штипската Итна медицинска помош ноќеска имала 40 амбулантски прегледи и 13 домашни посети на пациенти.

Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, регистрирана е и една сообраќајна несреќа во Штип, во која е повредено 12-годишно девојче, хоспитализирано на Одделението за ортопедија.

Во текот на ноќта се регистрирани и неколку нарушувања на јавниот ред и мир, а 20 годишна девојка поради алкохолизирана состојба завршила во штипската болница.