Првото бебе во Струга во 2019 година е машко – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/19 11:49 AM

Првото бебе во Струга во 2019 година е машко

Првото бебе, е родено во 3 часот и 50 минути по природен пат.

-Бебето е тешко 3.060 грама и долго 50 сантиметри. Мајката, која е од Дебар, и бебето се во одлична здравствена состојба, информира дежурната сестра на одделението за гинекологија.

Утрово во 6 часот и 25 минути и во 7 часот и 30 минути, природно се родени уште две машки бебиња во болницата во Струга. И тие бебиња и мајките се добри.

Во Брзата помош во Струга, како што информираат оттаму, дошле две лица во алкохолизирана состојба и биле препратени на интерното одделение за детоксикација.

-Две лица, едно машко и едно женско на возраст од дваесеттина години дојдоа во Брзата помош, но веднаш ги препративме на детоксикација на Интерно, информираат од струшката Брза помош.

Новогодишната ноќ во Струга поминала мирно, без нарушување на јавниот ред и мир, ниту сообраќајни незгоди, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.