Во духот на празниците: Лекција за благодарност – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 2:42 PM

Во духот на празниците: Лекција за благодарност

Ако оваа година празничната еуфорија не ви создаде задоволство, тоа е така можеби затоа што пред да влезете во Новата Година, сте заборавиле да си направите една ретроспектива за вас, себеси. Можеби не сте ги забележале сите детали, кои во годината која е зад нас, ве радувале и ви го разубавувале секој ден. Но тоа може едноставно да се промени. Доволно е да се потсетите и да почувстувате искрена и длабока благодарност на секоја можност, успех и среќа.

Тоа е важна лекција која треба да ја завршите во старата и да ја започнете Новата Година.

Можеби оваа лекција и нема толку врска со празниците. Едноставно, таа не учи, кога и да се чувствувате изгубено само треба да се запрашате себе си на кого денеска сте му благодарни и во истиот момент ќе се почувстувате подобро.

Зошто благодарноста е толку благотворна за човековата психа? Затоа што додека трагаме за она на кое сме  му денес благодарни го поттикнуваме мозокот да трага за позитивни искуства и ги поттикнуваме позитивните мисли, што доведува до лачење на хормонот среќа и автоматски го поправа и вашиот најлош ден.

Чувството на благодарност длабоко ќе влијае на вас и вашиот начин на размислување, ќе ги разбуди во вас сите убави емоции и ќе ви овозможи да не заборавите што е вистинска среќа, со самото тоа што ќе ги имате тие чувства ќе имате потреба радоста да ја споделите и со другите и ќе посакате и на нивните лица да предизвикате насмевка.

Запомнете, среќата никогаш не е далеку од вас, на вас е оставено само да се сетите каде ве очекува и веднаш тргнете по неа. Секој ден е шанса да се заблагодарите на животот кој го живеете на најдобар можен начин.