Приведен 25-годишен скопјанец поради сомневање дека извршил кривично дело „убиство“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 2:43 PM

Приведен 25-годишен скопјанец поради сомневање дека извршил кривично дело „убиство“

Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т.(25) од Скопје, поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „Убиство“ казниво по член 123 од Казнениот Закон на Република Македонија.

На 28 -ми декември годинава околу 21 часот и 30 минути на улица „Шарпланинска“ во Скопје, по претходно договорена средба, пријавениот со пушка „Црвена застава“ испукал два патрона во Н.Д.(38) од Скопје, кој седел во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ и го убил. Пријавениот потоа ја ставил пушката во возило „Пежо 106“, со кое бил дојден, и го напуштил местото на настанот. Пријавениот појаснил дека во неколку наврати, од Н.Д. земал пари, а по претходен договор, требало на 28 – ми декември годинава во 21 часот да му врати дел од парите. По кажување на пријавениот, Н.Д. во два наврати (22.12.2018 и 27.12.2018) му упатувал закани доколку не ја врати сумата на пари, како што претходно се договориле. Пријавениот С.Т. е лишен од слобода.