Колку пати досега сте слушнале дека не треба да јадете пред спиење за да немате проблеми со килограмите ?! Но, сепак постојат некои напитоци, кои се идеални да ги пиете пред спиење, како некој вид детоксикација за успешно да намалите неколку сантиметри од вашата половина.
Состојките од овој детокс напиток благотворно влијаат на вашиот организам, со што ќе го активирате вашиот метаболизам да ви го олесни процесот на слабеење.

1. СОК ОД КРАСТАВИЦА
Краставицата има малку калории, а изобилува со антиоксиданси со што вашето тело во текот на ноќта ќе биде прочистено од штетните материи. Сокот од свежа краставица, помешан со вода испијте го пред спиење. Резултатот ќе го видите по само неколку дена. Уште повеќе неговото дејство ќе го зголемите доколку во сокот од краставица додадете лимонов сок.
2.ЧАЈ ОД ЃУМБИР
Чајот од ѓумбир помага вашето телото подобро да апсорбира хранливи материи, а експертите тврдат дека најдобро е да го пиете пред спиење. Ќе ви помогне и во подобро варење на храната. Чајот од ѓумбир е повкусен ако му додадете малку лимон.
3.ЗЕЛЕН ЧАЈ
Една чаша зелен чај пред спиење, пред се го подобрува квалитетниот сон. Освен тоа, го забрзува метаболизмот и ефикасно ги разградува маснотиите во вашето тело. Со оглед на тоа што зелениот чај е преполн со антиоксиданси, помага во губење на телесната тежина и топење на масните наслаги.
4.Сок од цитрон и цимет
Сокот од цитрон е богат со витамин Ц, па пред се влијае на вашиот имунитет. Покрај тоа, овој напиток ја одржува работата на метаболизмот.
Со пиење на овие напитоци пред да спиете, ќе го забрзате вашиот метаболизам, ќе го зајакнете имунитетот и ќе си обезбедите себеси квалитетен сон.


