Заедно со членката на Извршниот комитет Иванка Василевска, неодамна амнестираниот водач на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски,изминатиот викенд беше почесен гостин на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Штип. Дамовски дојде во Штип на предновогодишниот коктел за членовите на штипскиот огранок на опозициската партија. На средбата во седиштето на партијата, покрај членовите, присуствува и пратениците и раководството на огранокот во Штип.
Дамовски, заедно со Владимир Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен, лидерите на „За заедичка Македонија“ на нивно барање, беа амнестирани со новоусвоениот закон во Собранието.


