Лажна вест ги вознемири штипјани – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 1:51 PM

Лажна вест ги вознемири штипјани

ВНИМАВАЈТЕ! Опасно заболување се шири во Штип: Едно лице почина, уште тројца заболени,се насловите кои што предизвикаа вознемиреност меѓу штипјани.

Уште еден пример за ширење на лажни вести.

Станува збор за болеста  лајшманиоза и во Штип како еднедемско подрачје за оваа болест е дијагностицирана уште пред петнаесетина години.Тоа е опасно паразитско заболување чиј извор на зараза се кучињата независно дали се скитници или домашни миленичиња.

Од Центарот за јавно здравје-Штип, велат  дека почина жена од оваа болест но не сега туку пред  четири месеци, а пред месец, два, болеста е дијагностицирана и кај уште три лица,две деца и еден возрасен.Ниту едно од овие заболени лица не чувале дома кучиња како домашни миленици.

Болести кои што се искоренети кај нас  од пред 50-60 години, повторно се појавуваат.Причините за тоа, конкретно во Штип според епидемиологор Сашка Србиновска е тоа што изворите и престојувалиштата на т.н ,,песочна мушичка”се присутни,постојат,што значи ,не се чистат.

  ,,Потребно е или т.н ,,песочни мушички”(флеботом) да се исчистат или кучињата скитници  да се соберат од улиците.Претпоставувам дека сите кучиња скитници на улиците се заболени, но сепак треба да се изврши преглед и да се види законски,ако кучето има лајшманиоза да се еутанизира.Да страдаме од некоја болест која што може да се превенира во 21 век навистина е несфатливо.Мерки треба да се преземаат и на државно и на локално ниво”,вели Србиновска

   Таа смета  тука не станува збор за некои големи парични средства,туку потребна е добра организација.

Кучињата се’ повеќе ги има низ штипските улици а реакциите и барањата на граѓаните за решавање на проблемот, засега немаат конкретна завршница.Стационарот е готов и според  штипската локална самоуправа според сите стандарди.Она што го кочи неговото отворање се одредени законските формалности.

Штипјани се надеваат дека ќе се почитува рокот за негово отварање,на почетокот на идната година, ни и дека нема да има нови случаи  на лајшманијоза.

Од Центарот за јавно здравје сметаат дека објавување на вакви дезинформации нема да го спречат ширењето на оваа заразна болест,туку она за што постојано треба да се зборува е да  биде превентивата,но не само како апел туку  и на дело.