Греано вино и ракија вечерва за дочекот на Нова Година во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 11:50 AM

Греано вино и ракија вечерва за дочекот на Нова Година во Кавадарци

Градот на грозјето, виното и ракијата ги прави последните подготовки за вечерашниот организиран дочек на Новата година на градскиот плоштад. Во новогодишната куќа,  поставена на плоштадот,  ќе се служат греани вино и ракија.

Кавадаречките бендови „Акустико лајт“ и “M.A.D M8ts“ ќе бидат задолжени за создавање на весела  атмосфера за новогодишната ноќ. Влезот во Новата 2019 година ќе биде одбележан со спектакуларен огномет.

Од буџетот на Општина Кавадарци за организирање на дочекот на новогодишната вечер се одвоени 300 000 денари.

Ангел Данов