Тетово вообичаено пред најлудата ноќ новата година е како во војна – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 11:43 AM

Тетово вообичаено пред најлудата ноќ новата година е како во војна

Тетово вообичаено пред најлудата ноќ новата година е како во војна. Притехниката царува, годинава можеби со намален интензитет, но сепак ја има.

Пукотниците од петарди во строгиот центар на Тетово се постојани. Полициските акции за спречување на ваквата појава не ја искорени истата. Петарди се уште се продаваат во централното градско подрачје, кои ги купуваат децата. а потоа ги користат.

Од полицијата, велат дека контроли и акции за намалување на продажбата на пиротехниката ќе ја зголемат.

Јосифоски вели дека тие како институција делуваат и преветнивно. Во соработка со црвениот крст спроведуваа превентивно- едукативни активности, за намалување на употребата на пиротехниката.

Досега на тетовско подрачје се запленети над 15 000 петарди.

Зоран Димовски