За прв пат по десетина дена, откако започнаа да протестираат тетовските студенти се огласија најповиканите – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 11:40 AM

За прв пат по десетина дена, откако започнаа да протестираат тетовските студенти се огласија најповиканите

За прв пат по десетина дена, откако започнаа да протестираат тетовските студенти се огласија најповиканите. Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Абдулменаф Беџети, на годинешната прес конференција, рече дека не препознал ниту едно од барањата кои студентите ги доставија до универзитетите.

Ректорот Абдулменаф Беџети, рече дека тие како институција не се препознале во ниту едно од 14 барања кои студентите ги доставија до универзитетите, со цел подобрување на нивниот статус и воспитно- образованиот процес.

Тој како пример го посочи барањето на студентите, дека повеќе универзитетските професори ги принудувале студентите да им купуваат авторски книги, појава како што рече ја нема на неговиот универзитет

Тетовските студенти започнаа со протестите на 18 декември. Протестираа неколку дена по што доставија ултиматум, ако универзитетите не ги исполнат барањата протестите ќе ги радикализраат.

Тие доставија 14 барања поврзани со запирање на митото, крупцијата поголема транспарентност и отчеснот. Меѓу нив беше и барањето за запирање на злоупотребата како што рекоа сексулна на студентките од универзитетските професори.

Ректорот Беџети, вели дека ако има било каква злоупотреба на Универзитетот на Југоисточна Европа, слободно истата да ја пријават лично кај него.

Досега за барањата на тетовските студенти конкренто пред медиумите се немаат произнесено од Тетовскиот универзитет, ниту пак остварија средба со студентите икако беше најавена.

Зоран Димовски