Четиричасовна потрага по германски турист на Брезовица, спасен од замрзнување – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 11:34 AM

Четиричасовна потрага по германски турист на Брезовица, спасен од замрзнување

Вчера во околината на месноста и скијачки центар Брезовица на косовската страна од Шар Планина се загубил германски државјанин каде што излегол да скија, но залутал поради густата магла.

Како што информираат косовските медиуми, германскиот турист, идентификуван како Патрик бил пронајден од спасувачките екипи синоќа околу 21 часот, по четиричасовна потрага. Гостинот од Германија се загубил откако, додека скијал, вчера доцна попладне на еден од планинските врвови одеднаш паднала густа магла, а потрагата по него почнала откако се јавил на телефон на една пицерија во близина на скијачкиот центар, чиј број случајно го зачувал во својот мобилен телефон.

Спасивачите информирале дека германскиот државјанин физички се чувствувал добро, само што бил вознемирен од настанот, но го прдолжил одморот на Брезовица.