Охрид подготвен за дочек на Новата година – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 11:00 AM

Охрид подготвен за дочек на Новата година

Подготвен за новогодишен дочек, бајковитиот град ги живее последните часови од годинава. И додека сите броиме ситно, Охрид ги брои гостите кои празнуваат на ривиерата. Под ѕвездено небо од илјадници светилки, нашиот туристички центар толку мал, сепак наликува на светска метропола, а во него уживаат покрај домашните и гостите од опкружувањето. Охрид има традиционална посетеност, хотелските капацитети се целосно исполнети и со туристи од Западна Европа.

Во некои од нашите елитни хотели, се прават последните подготовки. Ова се најубавите денови во годината, велат хотелиерите кои нудат менија по прикладни цени. За дочек на најлудата ноќ се подготвуваат и по 100-тина јадења, а покрај богата софра на гостите нема да им недостига и забава.

Занаетчиите на странците им ги презентираат своите автентични, охридски ракотворби чија рачна изработка го привлече нивното внимание.

Здружението на охридскиот угостителски еснаф и ХОТАМ направија напори сепак да има достоинствен дочек на гратскиот плоштад. Ја превзедоа организацијата во свои раце на туристите да им приредат весел амбиент. Во новата 2019-та година ќе не внесат охриѓанецот Ѓоко Танески и други наши музички групи.