Британската полиција уапсила 39 лица во Лондон, осомничени за обид за убиство откако еден маж беше избоден со нож во западниот дел на градот.
Нападот се случил во еден часот по полноќ во локално време во Хамерсмит ,во западниот дел на Лондон, пренесува ББС. Осомничените се приведени на сослушување. Детали за инцидентот засега не се познати.


