Едно лице загина откако со автомобил излетал кај стариот пат Кадино – Миладиновци – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 9:19 AM

Едно лице загина откако со автомобил излетал кај стариот пат Кадино – Миладиновци

Во 01,55 часот по полноќ било пријавено дека на стариот пат Кадино – Миладиновци, кај каналот патничко моторно возило „Пасат“ со бугарски национални ознаки, управувано од 50-годишниот Т.З. од Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино.

Возачот починал на местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) се здобила со тешеки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.