Во Русија се сруши стамбена зграда, најмалку тројца загинати – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 8:59 AM

Во Русија се сруши стамбена зграда, најмалку тројца загинати

Три лица загинаа, а околу 80 се водат како исчезнати при уривање на станбена зграда во рускиот град Магнитогорск во Челјабинската Област.

Според руското Министерство за цивилна заштита, вонредни состојби и справување со последиците од елементарни непогоди, целосно се урнати или оштетени 48 станови во зградата, во кои живеат 1.100 луѓе.

Министерството соопшти дека трагедијата најверојатно настанала поради експлозија на системот за гас, додавајќи дека тоа е за сега е единствената верзија за причините за инцидентот што се истражува.

Евакуирани се 60 лица, а Министерството за цивилна заштита, вонредни состојби и справување со последиците од елементарни непогоди информира дека студеното време ја отежнува спасувачката операција.