Европски дестинации кои треба да ги посетите во 2019 година – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/19 2:00 PM

Европски дестинации кои треба да ги посетите во 2019 година

Секоја година интернет порталот Travel + Leisure изготвува анализа кои места ќе бидат популарни за следната година. Врз основа на туристичките агенти, блогерите и податоците за отворањето на новите авио линии, ресторани и хотели вака изгледа листата на 10-те дестинации за 2019 година.

Берлин
Главниот германски град во 2019-та година одбележува 30 години од падот на берлинскиот зид и по тој повод во текот на целата година ќе се оджуваат изложби, концерти и други културни манифестации. Берлин важи и за град со најголем број на вегетаријански ресторани во Европа како и разновидни кујни за гурманите од целиот свет.

Кембриџ, Англија
Идеално место за љубителите на англиската историја, архитектурата и вкусната кујна во малите ресторани и таверни. Се повеќе турсти ги  мами новоотворениот хотел University Arms каде собите се уредени и носат имиња на познатите студенти од Оксфорд Чарлс Дарвин и Стивек Хокинг.

Елзас, Франција
Оваа француска покраина е позната по производство на некој од најдобрите вина на светот. Изобилува со перфектни ресторани закитени со Мишелин звезди за готвење каде тотално ќе уживате во француските гастрономски специјалитети.

Етиек, Унгарија
Доколку сакате да ги вкусите традиционалните унгарски вина и интересната архитектутра посетете го малото село Етиек одалечено 30 километри од Будимпешта.

Хелсинки, Финска
Отворањето на подземниот музеј на современи уметности во главниот град на Финска последните години изгради репутација како идеално место за љубителите на уметноста и дизајнот.

Искија, Италија
Прекрасниот вулкански остров одалечен на 1 час од Наполи е совршено место за летен одмор. Изобилува со прекрасни медитерански плажи и магично сино море и се тоа зачинето со вкусна домашна кујна која секој посетител ќе го остави без зборови.

Мадеира, Португалија
Во текот на 2019 и 2020  година португалскиот остров ќе биде домаќин на безброј манифестации, настани и концерти на своите сончеви плажи и на магичните лозја и села. Ова место можете да го посетите и тотално да уживате во текот на сите годишни времиња.

Прага, Чешка
Културните и природни убавини на чешкиот главен град никогаш не излегуваат од мода. Шармантните бистроа, традициналните ресторани со превкусна храна нема да ги остават рамнодушни ниту најголемите гурмани и романтичари.

Шкотска, Соединето Кралство
Сите оние кој ја посетиле Шкотска со воодушевување раскажуваат за драматичните природни пејсажи на оваа земја. Со неверојатна природа како од бајките задолжително треба да се посетат замоците и да се пробаат вкусните селски закуски приготвени од локалната кујна.

Тисвилд и Данската ривиера
Данското мало градче последните неколку години е магнет за туристите од целиот свет со своите мали интимни ресторани, пекари, бутици и симпатични хотели. Доколку имате план да ја посетите оваа скандинавска земја не заборавајте да го посетите ова место на данската ривиера.