Испланирајте каде ќе скијате оваа зима, ние ви ги претставуваме најдобрите ски центри во Источна Европа – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/19 12:00 PM

Испланирајте каде ќе скијате оваа зима, ние ви ги претставуваме најдобрите ски центри во Источна Европа

Периодот околку празниците е одлично време да се заминете некаде на снег и да уживате на планина во чистиот воздух и да се препуштите на благодетите кои ги нуди зимата. Ако на ова додадете и снег во комбинација со топол напиток, топла атмосфера и рекративно спортување во тој случај ќе имате рационално искористено време.

Ако се двоумите или не знаете каде да заминете ви ги претставуваме најдобрите дестинации за зимските ентузијасти во Источна Европа.

Мариборско Похорје, Словенија
Ова е најголемиот скијачки центар во Словенија со 42 километри скијачки патеки, од кои 10 километри се осветлени за ноќно скијање, што значи дека во овој ресорт е најдолгото ноќно скијање во Европа. Се наоѓа на планинскиот венец Похорје, во непосредна близина на Марибор — вториот најголем град во Словенија.


Попова Шапка, Македонија
Одлично скијање надвор од патеките за сите љубители на free ride скијањето, но мала површина на добро израмнати патеки. Одличната местоположба нуди можност за голема снежна покриеност, што нуди загарантирано скијање од јануари до март. Центарот се наоѓа на 90 минути од аеродромот во Скопје и е најразвиен од сите други скијачки центри во регионот. Жичара од центарот ќе ве однесе до 2510 метри надморска висина и можете да изберете од две лесни патеки. Исто така во центарот постои и ски школа и можности за изнајмување на опрема.


Крајнска Гора, Словенија
Софистициран ресорт стациониран во Словенија. Се наоѓа близу границата со Австрија и Италија во северо-западна Словенија на еден час возење од главниот град Љубљана. Крајнска Гора има шарм и софистицираност што ја ставаат рамо до рамо со италијанските и австриските центри. Голема предност на овој центар е што се наоѓа точно во подножјето на сите скијачки патеки.
Центарот нуди деветнаесет обележани стази со вкупна должина од 30 киломентри. Исто така нуди многу предизвици како што е скијачката патека Подкорен, на која редовно се одржува слаломскиот Светски Куп.


Банско, Бугарија
Банско е прогласен за најдобриот ски ресорт во Бугарија. Иако веќе добро познат за нас, тука зимуваат Грци, Руси и огромен број на Англичани кои доаѓаат да уживаат во зимските спортови. Оддалечен само на два и пол часа од софискиот аеродром, Банско лежи на Пиринските планини, близу до Македонската и Грчката граница.  Во подножјето лежи стариот град кој со старите градби од камен и улици со калдрма отсекогаш бил атрактивен за туристите.

Ски патеките се протегаат низ две планини со вкупна должина од 70 километри, со четиринаесет жичари и гондола која ве носи од центарот на градот до центарот на планината.Овој центар е погоден и за рекреативците и за професионалците. Огромен број на кафулиња, ноќни клубови, ресторани, пицерии, винотеки и бутици ќе го пополнат вашето време и ќе го направат вашиот престој незаборавен.