Концертот кој секоја година на 1 ви јануари го гледаат милион луѓе ширум светот преку телевизиски пренос е новогодишниот концерт на Виенската филхармонија е еден од најпознатите со долга традиција. Оваа година ќе се одржи по 79 -ти пат, а првиот е одржан на 31 -ви декември во 1939 -та година.
Програмата на концертот уште од првото издание е посветена на делата од династијата Штраус – Јохан Штраус постариот, Јохан Штраус помладиот, Едуард Штраус и Јосеф Штраус.
Од 1959 година се пренесува телевизиски и тоа во живо. Бројката на земјите што го следат низ годините се менуваше. Концертот го пренсуваат околу 90 земји ширум светот, а го следат преку 50 милиони телевизиски гледачи.
За потсетување, концертот секоја година се одржува во Златната сала на виенскиот Музикферајн. Секогаш е посветен на делата на композиторите од семејството Штраус, а повремено се вклучуваат и дела на други композитори. Најчесто се изведуваат околу 12 дела, со пауза на околу половина програм. До 1990-та година, концерот имаше само еден дел, а од 1991-ва од два дела.
Традиционално, дел од остварените приходи се издвојуваат во добротворни цели. Инаку, поради својата ексклузивност, а од друга страна и популарност, секогаш билетите се распродаваат експресно брзо. Цената се движи од 35 до 1090 евра, односно од 25 до 800 евра за концертот на новогодишната ноќ и ноќта потоа, додека за оној на 30-ти, цената се движи од 20 до 495 евра.


