Земјотрес во Србија со јачина од 2,8 степени – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/18 2:18 PM

Земјотрес во Србија со јачина од 2,8 степени

Многу потреси денеска се регистрирани во регионот. Уште еден земјотрес со јачина од 2,8 степени ја стресе Србија денеска.

Тој земјотрес веројатно е афтершок на оној од пред неколку дена. Два последователни средно јаки земјотреси ја погодија Србија на 23 месецов утрото во 7 и 33 минути. Првиот земјотрес беше со јачина од 4.1 степен по Рихтер и на длабочина од 10 километри со епицентар 59 километри североисточно од Белград или на 4 километри од Хајдучица, додека вториот дваесетина минути подоцна е со ист епицентар но со нешто помала магнитуда од 3.8 степени по Рихтер.

Земјотреси со месеци веќе ги тресат и Грција и Малта. Грција во септември беше погодена од навистина јак земјотрес со магнитуда од 6.2 степени по Рихтер во близина на островот Закинтос, по што земјата не престана да се тресе до денеска.

Последниот потрес во Грција е со јачина од 2,6 степени.