Преку мирис до здравје: Пет работи кои ќе ви помогнат да го замирисаат просторот и ќе ве поштедат од настинка – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/19 11:00 AM

Преку мирис до здравје: Пет работи кои ќе ви помогнат да го замирисаат просторот и ќе ве поштедат од настинка

Етеричните масла луѓето ги користат веќе долги години, уште од времето на старите Египќани, Грци, Римјани и Индијци. Истражувањата покажале дека всушност Египќаните во смесите на кремите за лице и коса додаваат етерични билни масла, па и затоа се сметаат за првите ароматерапевти.

Но ароматерапијата нова димензија доби во 1920 година кога францускиот хемичар Рене Мурици Гатефосе откако сам на себе со помош на етерично масло од лаванда излечил сериозна изгореница на раката, за тоа напишал научен труд. Всушност тој е првиот кој го употребил терминот ароматерапија.

Денеска по тоа име се подразбира контролирано користење етерично масло со цел да се зачува здравиот дух, тело и ум. Секое етерично масло настанува како продукт од билка, од нејзиниот корен, кора, листови, семки, плодови или цветови, тоа зависи од каратеристиките на поедини билки, како и одредени посакувани карактеристики кои можат значајно да помогнат во здравјето на луѓето.

Кога станува збор за користење на етерични масла и ладни денови, важно е да внимавате на тоа бидат направени од оние билки кои имаат нежно делување на вашиот имунитет и општо здравје, но не е на одмет да ги имате на ум мирисите кои инаку преовладуваат во овој период како цимет, портокал и лимон.

Еве кои пет етерични масла најдобро е да ги користите во овој период од годината и зошто:

ПЕПЕРМНТ
Маслото од пеперминт е со доста висока концентрација и со самото тоа е посилен од бројни други масла, па доволни се две капки за негово делување. Во текот на ладните денови се повеќе престојуваме во суви простории во кои е уклучено греење, а влагата е изразено ниска а со тоа и често се надразнети нашите дишни органи.

Етеричното малото од пеперминт е одлично во борба против аларгија од сув воздух, прашина но и како силно средство кое ќе им помогне на вашите ноздри по настинка и грип. Освен тоа, може да ви помогне во борба против глвоболка, но и влијае на зголемување на нивото на енергија, што често се должи на краткиот престој на дневна светлина.

ЛИМОН
Како и неговата верзија во облик на овошје, етеричното масло од лимон одлично влијае во текот на настинката. Го олеснува дишењето, ги отвора дишните патишта, ги намалува тегобите со астма и силно влијае на подобрување на имунитетот на организмот. Има силно антибактериско и антисептично својство кои помагаат во борба со сезонската настинка, додека стимулацијата на крвните клетни помага во општо подобрување на имунитетот.

ЛАВАНДА
Иако многумина не би помислиле на етерично масло од лаванда кога станува збор за зимските настинки, лавандата со причина се нарекува „кралица на етеричните малса“. Нејзиното својство силно влијае на бронхитисот, астмата, хрнична кашлица, инфекција на дишните патишта. Поради тоа што е антисептично и антибактериско, соврешено е за користење во текот на зимските месеци. Освен тоа, има и смирувачко својство кое лесно може лесно да ве бутне во сон, а токму тоа ни треба кога сме настинати.

ОРИГАНО
Додека во нашиот мозок ориганото е се уште само еден обичен зачин кој го додаваме за вкусна храна, никако не смеете да ги заборавите благодетите од неговото етерично масло. Ова масло се користело уште во средниот век за лечење на различни инфекции, а докажано е дека делува против 25 видови на бактерии.

Важи за силен антихистаминик и антиоксиданс, кој помага да се ослободи акумулираната слуз во грлото и носот, со што се олеснува дишењето и значително ги олеснува синусите. Исто така етеричното масло добро е за воспаление на белите дробови. Исто така помага во регулација на менструалниот циклус, како и за одржување на здравјето на цревата.

ЦИМЕТ
Вистинскиот зимски мирис на циметот, е присутен често во овој период од годината во домовите. Но освен што преубаво мириса и со него се поврзуваат спомени на божиќни колачиња и штрудла од јаболка, етеричното масло од цимет е едно од најздравите растенија во светот.

Истражувањата покажале дека може да се бори против кандидата и ешерихија коли, помага во борбата против дијабетесот затоа што успева да го растопи шеќерот во крвта. Добар е и во борбата против инфекциите на дишните патишта, а неговата редовна употреба го стимулира имунолошкиот состав, поради што организмот е помалку подложен на батерии и вируси.