Скијачот Клемен Коси по страшен пад со хелихоптер пренесен во болница (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/18 12:08 PM

Скијачот Клемен Коси по страшен пад со хелихоптер пренесен во болница (ВИДЕО)

27 годишниот словенечки скијач,Клемен Коси доживеа страшен пад на спустот од Светскиот куп кој се возеше на патеката во Бормио, Италија.

Иако навидум се изгледаше како обичен пад, Коси незгодно се закачи во заштитната ограда по што се здоби со сериозни повреди и итно со хеликоптер беше префрлен во блиската болница.

Коси е словенечки скијач кој не е во врвот на овој спорт и досега на повеќе од 100 трки од Светскиот куп, само три пати завршил во првите десет.

Организаторите на трката потврдија дека Словенецот е во стабилна состојба, а по падот се здобил со максилофацијална траума, скршен нос и скршени заби и ги демантираа дел од медиумите дека Коси изгубил свест и бил во тешка состојба.