Путин до Трамп: Русија подготвена за дијалог со САД за широк спектар теми – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/18 11:41 AM

Путин до Трамп: Русија подготвена за дијалог со САД за широк спектар теми

Рускиот претседател Владимир Путин му испрати новогодишна порака на американскиот колега Доналд Трамп наведувајќи дека Москва е подготвена за дијалог за широк спектар на теми.

Во одделно новогодишно писмо до сирискиот претседател Башар ал Асад, Путин ветил дека ќе продолжи да пружа помош на сириската влада и народот во борбата против тероризмот, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, Путин испратил новогодишни пораки и до другите светски лидери, меѓу кои се и кинескиот претседател Си Џинпинг, британската премиерк Тереза Меј и јапонскиот премиер Шинзо Абе.