Кирацовски: Зад нас е една успешна година на економско и политичко придвижување на најважните процеси во државата – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/18 10:28 AM

Кирацовски: Зад нас е една успешна година на економско и политичко придвижување на најважните процеси во државата

Во новогодишната честитка на Александар Кирацоски, генералниот секретар на владејачката СДСМ, вели дека зад нас е една успешна година на економско и политичко придвижување на најважните процеси во државата.

По години уназадување, изолација и економска стагнација, Македонија ита напред кон светла и сигурна иднина, кон членство во ЕУ и НАТО. Покажавме како е да се води напред но и како се носат храбри и државнички одлуки за иднината на државата, за доброто на Вас, граѓаните, стои во соопштението испратено од СДСМ.

Успевме да го зачуваме идентитетот и да ги отвориме перспективите, да ја обезбедиме иднината на Македонија. Во  фокусот беа темелите за иднината и тие се поставени. За подобра живејачка се посветивме на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард.

Платите растат во сите сектори, се обезбедуваат се’ повеќе пари за секое семејство. Економијата се придвижи во вистинска насока, расте и индустриското производство, извозот, а невработеноста сериозно се намалува. Сето ова е дел од еден нов систем на вредности, нов однос кон граѓаните, кон економијата, кон иднината на државата и иднинте генерации. Успехот на Македонија сите не прави горди.

Кирацоски, потенцира дека она што се случило во оваа 2018 година храбро ја навестува 2019 како година на подобра иднина, година на економија, раст и развој.

Македонија ќе продолжи да оди напред, стануваме 30-та членка на НАТО. Се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните, ќе растат платите, ќе се подобрува животниот стандард. Како што се обврзавме, продолжуваме со одговорна, домаќинска работа, во интерес на Вас, граѓните.

Драги сограѓани, празничните денови да ги дочекаме во радост, љубов и меѓусебна почит.

Ви посакувам успешна, бериќетна и среќна нова 2019 година, стои во новогодишната честичка на СДСМ.