Вчера на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија при пасошка контрола околу 23 часот и 55 минути, констатирано било дека лицето со иницијали Д.М (34) од Кочани се барало од МВР – Одделение за потраги.
Лицето било приведно и предадено на полициските службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.


