На граничниот премин Табановце уапсено е лице од Кочани барано од МВР – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/18 10:07 AM

На граничниот премин Табановце уапсено е лице од Кочани барано од МВР

Вчера на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија при пасошка контрола околу 23 часот и 55 минути, констатирано било дека лицето со иницијали Д.М (34) од Кочани се барало од МВР – Одделение за потраги.

Лицето било приведно и предадено на полициските службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.