Пет лица уапсени, со сомнение дека подготвувале терористички напад во Холандија – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/18 9:56 AM

Пет лица уапсени, со сомнение дека подготвувале терористички напад во Холандија

Холандската и германската полиција уапсиле пет лица осомничени за подготвување на терористички напади во Холандија.

Холандската полиција соопштила дека четворица осомничени биле уапсени во Ротердам и оти биле извршени претреси на бројни локации.

Во соседна Германија, полицијата уапсила Сириец осомничен за учество во подготовка на терористички напад во Холандија. Германската полиција наведува дека 26 годишен маж бил уапсен вчера во Мајнц после барањето да биде екстрадиран во Холандија.

Осомничениот нема кривично досие ниту официјален престој во Германија, а станот во кој е пронајден бил претресен, се наведува во соопштението. Германската полиција не изнела други детали, наведувајќи дека истрагата ја води холандската полиција од градот Ротердам.