20 луѓе загинати во невремето што предизвика поплави и одрони на Филипините – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/18 9:50 AM

20 луѓе загинати во невремето што предизвика поплави и одрони на Филипините

Најмалку 22 луѓе загинаа во невреме кое ги зафати островите во централниот дел на Филипини. Силната бура проследена со обилни дождови предизвикала поплави и одрони во регионите Бикол о осточен Висајас.

Во соопштението на службата за вонредни ситуации се наведува дека поголем дел од смртните случаи се предизвикани од одроните и давење во поплавите.

Најмалку 16 луѓе загинале во Бикол, а шест во источен Висајас. Над 22.000 луѓе ги напуштиле домовите пред доаѓањето на бурата која уништила оризови и пченкарни полиња.