Причината за пожарот во која загина едно момче најверојатно е експлозија на плинска боца – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 6:18 PM

Причината за пожарот во која загина едно момче најверојатно е експлозија на плинска боца

Причината за силната експозија во деловен објект која се случи денеска нешто по 12 часот напладне на улицата „Јордан Мијалков“ најверојатно била менувањето на плинска боца. Во експлозијата загина 25 годишно момче кое работело во работилницата за автобомобили, пренесува Канал5.

Според првичните информации загинатитот починал од самата експлозија, а дополнителниот чад ја отежнала состојбата да се влезе внатре.

Експлозијата се случила околу пладне. Во просторијата работеле четворица. Починатото момче и уште тројца. Двајца се со изгореници и префрлени на болничко лекување. Четвртиот  колега го спасило телефонскиот повик, тој излегол да разговара на телефон пред да се случи експлозијата, раскажуваат очевидци за Канал 5.

Мирисот на изгорена гума и последните искри од пожарот го гаснеа пожарникарите, телото на загинатиот до доцна во денот беше во пеплосаната работилница.

Според МВР денеска на територијата на Скопје се случиле 6 пожари.