Мијалков и викендов останува во Шутка – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 5:01 PM

Мијалков и викендов останува во Шутка

Сашо Мијалков останува и викендов во Шутка. Судијката Весна Димишкова денеска не донела одлука бидејки предлогот на СЈО за укинување на притворот и определување домашен притвор биле некомплетни и го вратила во обвинителстовто на дополнување.

„Од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека истиот не е компелетен и е вратен на доуредување кај најдлежниот обвинител, а по добиен уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение“.

Понеделник е последен ден од 30 дневниот притвор за Мијалков до кога треба и да има одлука дали новогодишната нок ќе ја мине во затворот или дома. Како што дознаваме освен домашен притвор од обвинителстовто на Јанева предложиле забрана за Мијалков да комуницира со лица и забрана за користење на средства за комуникација.

Попладнево од Шутка по речиси два месеца излегоа и Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски обвинети во Титаник, но и Зорица Арсовска и Ненад Јосифовиќ осомничени во Империја.

Со нив барем за сега заврши низата на укинати притвори на предлог на СЈО која започна вчера со бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски.