Емануел Пети: Озил е како дух, ја изгуби страста на теренот – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 4:54 PM

Емануел Пети: Озил е како дух, ја изгуби страста на теренот

Легендата на Арсенал, Емануел Пети го критикуваше Месут Озил по ремито со Брајтон (1-1) во рамки на 19. коло во Премиерлигата, но и целата игра на „топчиите“.

„Многу го почитувам Озил, но тој е како дух во последните две години. Каде е Озил, кој беше еден од најдобрите во светот? Тој кој постигнуваше многу голови. Верувам дека ја загуби страста на теренот“, вели Пети.

По еден месеци пауза, 30-годишниот фудбалер се врати на теренот во поразот од Саутемптон (2-3). Шест дена подоцна тренерот Унај Емери повторно му даде шанса во стартниот состав против Барнли.

Превземено од: supersport.mk