Празнични филмски маратон: Уживајте со овие романтични филмски класики – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 4:44 PM

Празнични филмски маратон: Уживајте со овие романтични филмски класики

Новогодишните и Божиќните празници е време да легнете во кревет со вашиот партнер и да изгледате некој од најубавите филмови со божиќен мотив. Разбираме дека вашиот партнер нема да биде најсреќен ако му пуштите некој женски, љубовен филм, но во продолжение имаме четири предлога кои и во него ќе го разбудат празничниот дух.

„Прекрасен живот“
Филмската класика која овие години прослави 70 години дефинитивно заслужува место на овој список. „Прекрасен живот“ е вистински семеен филм, станува збор за Џорџ, лик кој на почетокот е очаен, но кога на Божиќ ќе го посети неговиот анѓел чувар и му покажува каков живот би имал тој доколку таа не се појави во неговиот живот.

„Дневникот на Бриџит Џонс“
Дали помисливте дека празниците можат да поминат без преслатката Бриџит? – Рене Зелгер ќе ве насмее до солзи со нејзината љубовна авантура, доколку вие и вашата посилна половина сакате добра комедија овој филм сигурно ќе ви ја разубави вечерта.

„Играта на судбината“
Џоната и Сара и двајцата од Њујорк, кои случајно се среќаваат во текот на новогодишно шопингување. Љубовта на прв поглед е очигледна и Џонатан веднаш предлага да излезат повторно, но Сара одлучува да постави занимлива игра на судбината. Како што таа вели, ако се судени еден за друг, би требало да го дознаат телефонскиот број еден на друг  во наредните неколку дена.

„Всушност, љубов“
Ова е еден од најпопуларните и најобожуванте божиќни филмови. Секако со причина ги носи овие епитети. Љубов во овој наслов означува апсолутно секаков вид на љубов, но и проблемите кои доаѓаат со неа. Филмот следи десет приказни кои се меѓусебно поврзани. Ќе уживате подеднакво во смешни како и тажни сцени.