Пике става крај на кариерата и цели кон претседателското место на „Камп Ноу“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 4:37 PM

Пике става крај на кариерата и цели кон претседателското место на „Камп Ноу“

Шпанскиот дефанзивец, Жерард Пике со години е во врвот на европскиот и светскиот фудбал како на клупска така и на репрезентативна сцена, но без разлика што се уште имашто да понуди и е релативно млад има намера за кратко време да и стави крај на кариерата.

Реномираниот шпански медиум „Мундо Депортиво“ излезе со вест и со доста детали за целиот план на Пике кој има намера во 2020 да ги закачи копачките на клин за да во 2021 година се кандидира за прв човек на Барселона по завршување на мандатот на Жозеп Марија Бартомеу. Жерард кој наредната година ќе наполни 32 години не сака нови предизвици кога е во прашање активната кариера, па да се проба на некои места како САД, Јапонија, Катар… како што тоа во минатото и сега го прават некои негови колеги, а во исто време има истакнато дека не се гледа во иднина како тренер, технички секретар, туку како претседател.

Превземено од: derbi.mk