Се’ за храна: Домашен третман и маска против испукани петици – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 4:25 PM

Се’ за храна: Домашен третман и маска против испукани петици

Од испуканите петици не се поштедени ни децата, ни возрасните, иако почесто ги има кај жените, отколку кај мажите. Доколку и вие мака мачите со оваа непријатна појава, пробајте ги домашниот третман и маската против испукани петици соквалитетна сода бикарбона без алуминиум. Уживајте во својата мазна кожа во секоја сезона!

За среќа, овој проблем е повеќе естетски, отколку здравствен. Но, понекогаш предизвикува непријатна болка кога лицето кое има испукани петици се движи без обувки. Меѓутоа, ако пукањето на кожата е длабоко, понекогаш може да предизвика и силна болка. Затоа, освен добрата хидратација, на нежната кожа на стапалата и се потребни третмани и пилинзи. На тој начин ќе се отстранат мртвите клетки кои го влошуваат овој чест проблем. А, бидејќи повеќе од 20% од светската популација се соочува со оваа непријатна појава, ви предлагаме домашен и лесен третман кој скоро бесплатно ќе ви помогне.

 

Домашен третман за стапала со сода бикарбона

Потребно:

  • 4-5 л топла вода
  • 2 супени лажици сода бикарбона без алуминиум
  • камен за петици
  • хидратантен крем или некое друго хидратантно средство (вазелин, кокосово масло и сл.)
  • есенцијално масло од лаванда по желба.

Начин на третирање:

  1. Содата бикарбона ставете ја во топла вода и мешајте ја додека се растопи. Доколку сакате купката за испукани петици да има попријатен мирис и да си овозможите вистински козметички третман, во водата додајте и неколку капки масло од лаванда.
  2. Во вака подготвената купка чувајте ги нозете околу 15-20 минути, а потоа со помош на сунѓер или турпија за петици добро истријте ги грубите делови.
  3. Ваквиот третман има привремен ефект против испуканите петици и од време на време треба да се повторува. Па, откако ќе завршите со триењето, на крај премачкајте ги стапалата со хидратантен крем кој во својот состав содржи глицерин, со вазелин или со кокосово/маслиново масло. Оставете малку да се впие и облечете чисти чорапи.
  4. Најдобро е овој третман со сода бикарбона да го применувате непосредно пред спиење и откако нозете ќе ги намачкате со хидратантното средство да спиете со чорапи.
  5. Постапката повторувајте ја еднаш до два пати во седмицата. Откако состојбата со испуканите петици ќе се подобри, може да намалите на 1 третман во 2 седмици.

 

Маска за стапала од сода бикарбона

Содата бикарбона без алуминиум може да ја користите и во облик на паста која ќе послужи како маска за домашна нега на стапалата. Пастата направете ја од сода бикарбона и вода, во количини по потреба. Истријте ги нозете со оваа паста прво со рацете во вид на масажа, а потоа малку истријте ги со помош на сунѓер.

Превземено од: sezahrana.mk