УНИЦЕФ: Во 2018 година децата не беа доволно заштитени во судирите – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 3:33 PM

УНИЦЕФ: Во 2018 година децата не беа доволно заштитени во судирите

Децата што живеат во конфликтни области во светот и натаму беа изложени на екстремно ниво на насилство во текот на изминатите 12 месеци, а светот повторно ги изневери – изјави денеска директорот на УНИЦЕФ за вонредни ситуации Мануел Фонтен. Според него, страните инволвирани во судири предолго прават ѕверства кои минуваат неказнето. Тој оценува дека ситуацијата ќе се влошува.

Многу работи можат и мораат да се направат за да се заштитат децата – истакна тој.

Во подрачјата на конфликти, како Сирија, Јемен, Конго, Нигерија, Јужен Судан и Мјанмар секојдневно се случуваат силувања, принудни венчавки и киднапирање деца. Во Авганистан, само во првите шест месеци од 2018 година се убиени или осакатени околу 5.000 деца. Во Централноафриканската република на две од три деца им е потребна хуманитарна помош, а над 1.800 деца во Сомалија под принуда станале војници.