Тачи – Преспанскиот договор ги одблокира сите закочени процеси во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/18 2:22 PM

Тачи – Преспанскиот договор ги одблокира сите закочени процеси во Македонија

Албанците гледаат дека имаат застој во остварување на нивните права има застој во економијата, но подобрувањето на овие сегменти е нераздвоен процес со зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ, а тој процес ќе се реализира само со ратификацијата на преспанскиот договор рече претседателот на ДПА Мендух Тачи на новогодишната пресс конференција.

-Македонија помина тешка година. Но, треба да кажам дека оваа година ни дава надеж дека државата ќе чекори на прав пат. Се беше блокирано, но сега се изгледа дека е можно, по потпишувањето на преспанскиот договор.

Имам надеж дека ќе успееме да ги финализираме уставните промени, и да го ратификуваме преспанскиот договор, и иститот да се ратификува во грчкиот парламент.

Србија ќе го признае Косово. што ќе помогне оваа држава да биде дел од меѓународните организации.

ДПА и натаму останува на политичката сцена како силна партија, која е единствена со национална платформа од политичкиот партии од албанскиот блок во Македонија.

Зоран Димовски