Данскиот фудбалер Ники Биле Нилсен е убиен во Копенхаген од залутан куршум од огнено оружје, пренесува „Екстра Бладет“
Поради убиството на 30-годишниот фудбалер кој до скоро играше за дански Лингби, уапсени се две лица.
Биле Нилсен е некогаше напаѓач на Виљареал, Елче, Рајо Ваљекано, Росенборг, Евиан, Есбјерг, Паниониос, Лех, а во октомври беше отпуштен од Лингбе поради кршење на законите и апсење.
За репрезентацијата на Данска има три настапи и еден постигнат гол. Интересен податок е тоа што додека играше за Лех Познан од Полска, настапи на двата дуели против Пелистер во квалификациите за Лига Европа во 2017 година.
Извор: Спорт Клуб


