На Барса и побегна вистинскиот, па сега го сакаат „новиот Варан“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/18 7:34 PM

На Барса и побегна вистинскиот, па сега го сакаат „новиот Варан“

Во Барселона полека го подготвуваат планот Б во случај да им побегне Матијс де Лихт од Ајакс, па ги следат вестите од Тулуз во врска со стоперот Жан Клер Тодибо.

Младиот Французин има само 18 години и оваа година веќе одигра 10 меча во Лига 1 за својот тим, притоа забележувајќи по еден гол и асистенција.

Она што е лошо за Каталонците е дека конкуренција им е нивниот најголем ривал Реал Мадрид, додека уште се споменуваат и Наполи и Јувентус како заинтересирани купувачи.

Овој играч го карактеризира добрата техника при изнесувањето на топката, агресивноста и одличниот скок. Она што секако е огромна предност во однос на Де Лихт е неговата цена.

На Французинот му истекува договорот следното лето и веќе оваа зима би можел да потпише за нов тим кој би морал да плати само надоместок за развој на играчот во младинскиот погон.

Извор: Спорт Клуб