Над 29.000 евра Општина Штип деновиве ќе исплати кон извршители и на пожарникари, кои ги добиле судските спорови против општината. Пожарникарите тужеа, бидејќи Општината не им исплаќаа додатоци на плата, а им биле ускратени и некои други права.
Градоначалникот, Благој Бочварски вели дека не знае уште колку вакви извршни решенија ќе стигнат на адреса на Општината, обвинувајќи ја претходната локална власт, која не ги исплаќала пожарникарите според договорот.
„Станува збор за поголем број пожарникари, коишто имале судски спор со општината и го добија. Дел од средставата се исплатени, а дел сега доаѓаат во трансакции, за некои имаме и извршни решенија. Пожарникарите ги дале нивните решенија на извршители и доаѓаат со извршните решенија. Тоа е и проблем на општината што сум го затекнал од претходниот период“, изјави Бочварски.
Штипската територијална противпожара единица има 20 вработени, од кои 15 се во службата, додека останатите пет се целосно покриени со Буџетот на Општината, како нејзини вработени.


