Началникот на Генералштабот на германската армија, генерал Еберхард Цорн објави дека властите размислуваат да и дозволат на армијата да ангажира граѓани од други земји на ЕУ за некои позиции во армијата, меѓу кои и лекари и ИТ експерти. Чешка, Шведска, Белгија и Данска не се против оваа идеја, но Франција ќе остане резервирана.
Бугарија, Романија, Словенија и Грција се загрижени дека нивните војници може да ги привлече повисоката плата во Германија.
„Се разбира, ние мораме да внимаваме да не сме конкуренција со нашите европски колеги“, рече генерал Цорн.
Во 2011 година во Германија беше укината задолжителната воена служба и сега Бундесверот треба да се натпреварува за регрути во услови на здрава економија и ниска невработеност.
Бундесверот е заинтересиран пред се за европски граѓани кои веќе живеат во Германија. Кандидатите треба да зборуваат германски, да достават документ од полицијата дека не се осудувани и да искажат лојалност кон германската држава, пишува „Функе“. Соочена со стареење на населението и растечки недостиг на работна сила, Германија, освен тоа, ќе усвои закон за миграција, за да се олесни ангажирањето и на работници вон Унијата.
Извор: Македонска информативна агенција


