Мерката притвор за бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески се заменува со куќен притвор. Вака одлучи денеска скопска Апелација, откако Специјалното јавно обвинителство вчера предложи поблаги мерки за нив и нивните соработници кои се обвинети во предметот „Империја“.
Вакво барање нема за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. До овој момент судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд не одлучувал по неговата жалба и гаранцијата од еден милион евра.
Одбраната на бизнисменот, Камчев пак, понуди имот од 14,5 милиони евра за излегување од притвор. Седницата на која ова прашање беше ставено на дневен ред првично беше најавена како отворена за јавноста, но непосредно пред почетокот во 14 часот беше одлучено таа да биде затворена и помина без присуство на новинарите.


