За слободата на Камчев се одлучува зад затворени врати – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/18 1:50 PM

За слободата на Камчев се одлучува зад затворени врати

Новинарите попладневно не можеа  да влезат во судницата, каде заседава советот на Апелацискиот суд од Скопје, каде се одлучува по жалбата за притворот на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во предметот на СЈО, „Империја“. Неизвесно е дали ќе се потврдат неофицијалните информации дека притворот  на Камчев од Шутка ќе му биде заменет со куќен притвор.

Осомничениот бизнисмен за пуштање од притвор понуди имот во вредност од 14,5 милиони, што беше одбиено од Кривичниот суд.

Одлуката се носи во време кога опозицијата го обвинува владејачкото мнозинство за пазарење со предметите на СЈО,  откако во собраниската Комисија за политички систем се усвоија  измени на Кривичниот законик,со кои се намалува затворската казна за дела врзани со злоупотреба на јавните набавки. Со овие измени, некои од обвинетите во делата на СЈО, за такви дела би можело да поминат и со условна казна. Овие измени влијаат врз делата во кои е обвинетата Елизабета Канческа Милевска, синот на пратеничката Владанка Авровиќ, Василије Авировиќ и за случајот „Тенк“.